JKP STANDARD

Како да платам

 

По успешно логирање (најава) ќе се отвори екран со три листи.

Лево е список на водомери (ако имате повеќе според Вашиот договор).
Овде имаме два линка, за неплатени сметки само, и за сите сметки (доколку сакате да ги видите сите Ваши досегашни сметки).

Во средина се последните неплатени сметки.


Десно е список на сметки кој сакате моментално да ги платите (Кошничка). 

Во долното мени (најдолу со црна позадина) можете да најдете неколку линкови.

МОИ УПЛАТИ - Овде можете да ги пронајдете Вашите поранешни уплати и тековната, прикажани се датумот, износот, сметките и забелешка од успешноста на акцијата.
РЕСЕТ ШИФРА - Тука можете да ја промените Вашата тековна шифра. (Ја внесувате првин тековната, па потоа новата која сакате да ја користите во иднина).
ОДЈАВИ СЕ - Ако сакате да ја напушите странава за плаќање, притиснето го овој линк.
Следните два линка се упатствата кои можете да ги прочитате, за да ви помогнат во успешно работење.

КАКО ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО ПЛАЌАЊЕ

  1. Од средниот список на неплатени сметки треба да избереме која сметка сакаме да ја платиме. Можеме да платиме неколку сметки од еднаш, но не можеме да платиме делумно некоја сметка. Значи износот краен не можете да го менувате при плаќањето до банката.

  2. Самиот број на сметката има сива позадина (тоа значи дека сметката не е платена и чека да биде сместена во кошничката, значи дека сакаме нејзе да ја платиме). 
    Ако имате повеќе сметки секоја од нив можете да ја кликнете и со тоа да ја сместите во кошничката (список на сметки за плаќање).
    Доколку сме ги означиле сите, одиме на следиот чекор.
  3. Приметуваме дека позадината од сива се промени во жолта. Тоа значи дека сметката е веќе сместена во кошничка и не може уште еднаш да се стави во списокот за плаќање (кошничка). 
    Гледаме дека во кошничката е додадена сметката (доколку има повеќе ќе ги прикаже сите со сумарен износ).
    Банката ќе наплати провизија за извршеното плаќање (на сликата пишува 11 денари, плус).
  4. Следен чекор е да прејдеме на страната на банката, го кликаме сивото копче КОН ПЛАЌАЊЕ. Со тоа ја напуштаме нашата страна и се префрламе на нивната. Во позадина се пренесува податок за број на уплата и износот. Нив не можете да ги менувате.
  5. Откако се префрливме на страната на банката се појавува следниот екран
  6. Отакако ги пополниме полињата (име, број на карта, cvv2 - трите бројки на задниот дел од картичката, месец и година), треба притиснеме на копчето ПОТВРДИ. Износот и описот на уплатата не можете да ги менувате.
    Доколку сме се предомислиле притискаме ОТКАЖИ. Со тоа се враќате назад на начата страна и сте ја напуштиле страната на банката.
  7. После ПОТВРДИ, се отвара нов екран од банката:
  8. Направена е проверка на Вашите податоци и можете да продолжите со притискање на ПОТВРДИ.
  9. Ако пак се јавила грешка и податоците внесени не се точни ќе се појави екран со опис на грешката:
  10. Во следниот чекор банката ја извршува наплатата (доколку имате средства) и Ве враќа назад на нашата страна.
  11. Во средниот список на сите платени сметки ќе се појави во колоната Е-ПЛАТЕНО, датум со износ на уплата.

Со тоа сме ја завршиле постапката за плаќање. Ако имате додатни прашања слободно обратете се до нас.